Лајпциг е спемен да се раздели со Дајот Упамекано, но не во овој преоден рок, пренесува „Скај Спорт“.
Вчера директорот на Лајпциг, Минтцлаф потврди дека клубот е спремен да го продаде 22-годишниот дефанзивец доколку пристигне понуда која ќе ги задоволи финансиските апетити на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во договорот на играчот има откупна клаузула од 42.5 милиони евра, која ќе стане активна на крајот на сезоната.
Поради тоа заинтересираните клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, но не сакаат сега да испраќаат понуди и ќе чекаат на лето да ја активираат клаузулата.
Интерес за Упамекано покажуваат клубовите од Манчестер, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона и Челзи.
To be clear about Dayot Upamecano. No chances for him to leave RB Leipzing in the coming days, he’ll be sold next summer [release clause €42.5m]. Manchester United are *not* in talks to sign him in January. The race is open for next summer. 🔴 #Leipzig #Upamecano #mufc
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 28, 2021