Дома Фудбал Останато УЕФА почна да го „тресе“ ПСЖ после жалбата од Реал

УЕФА почна да го „тресе“ ПСЖ после жалбата од Реал

УЕФА веќе се активираше и почна да ги проверува информациите за можни неправилности во Пари Сен Жермен во врска со правилата за финансиски фер-плеј.

Реал Мадрид вчера реагираше до европската централа со тврдење дека францускиот гигант на различни начини се обидува да ги заобиколи правилата.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Според новинарот Етјен Моати од Комитетот за финансиска контрола на УЕФА, тие побарале од „светците“ да им достават одредени информации поврзани со сметките на клубот. Откако ќе се достави и прегледа предметната документација, ќе се оценува дали има докази за прекршоци, што пак би довело до поведување кривична постапка.

За сезоната 2020/21, ПСЖ објави загуби од 224,3 милиони евра, но во исто време покажа неограничени финансиски можности откако потпиша со скапи ѕвезди како Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и други, а неодамна Килијан Мбапе го направи најплатен фудбалер во светот.

Во 2014 година Французите имаа финансиски проблеми и потпишаа посебен договор со УЕФА со која се согласија да платат казна од 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трајковски: Заморот е во втор план, сакаме да завршиме со три бода!

Заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција присуствуваше и напаѓ…