Дома Фудбал Останато УЕФА е против формирањето на Суперлига

УЕФА е против формирањето на Суперлига

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин е категорично против создавањето на Суперлига, во која ќе играат најголемите европски клубови.

Неодамна „Шпигел“ откри дека 16 европски гиганти се договараат да формираат своја Суперлига, која би требало да започне од 2021 година.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Секако, ова натпреварување ќе ја „уништи“ Лигата на шампиони, па јасно е зошто УЕФА е против ваквата идеја.

„Тоа ќе му наштети на целиот светски фудбал. Тоа ќе ја направи играта многу по досадна. Би било досадно да гледаме секоја недела Јувентус – Баерн, наместо на пример, градското дерби Јувентус – Торино. Ќе се борам оваа идеја да не се оствари и ќе направиме се што е во наша моќ да го спречиме тоа додека сум претседател“, изјави Чеферин.

Лигата на шампиони е „златна кокошка“ од која УЕФА заработува премногу, па јасно е зошто против оваа идеја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и Наполи претставија две големи засилувања, платени се над 50 милиони евра

Летниот трансфер период е во полн елек. Последните најинтересни трансфери се завршени во И…