УЕФА денес го објави најдобриот тим во Лигата на шампионите од почетокот до сега, а во истиот доминираат играчи од Шпанија.
Критериумот беше едноставен – играчите кои биле најмногу избирани зо тимот на годината. Во овој тим за играчи кои играле во Премиер лигата имаше само три места.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Најбројни се играчите на Реал и Барселона, клубови кои од последните десет трофеи во Лигата на шампионите освоија дури осум.
На голот е сегашниот чувар на мрежата на Порто, Икер Касиљас, кој својата слава ја стекна носејќи го дресот на Реал Мадрид.
Одбраната е составена од Серхио Рамос, Карлес Пујол, Пике и Филип Лам, единствениот играч кој не е член на Реал или Барселона бил фудбалер на Баерн.
Во средината се поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард и поранешните фудбалери на Барселона Чави Ернандез и Андрес Иниеста.
Ударното трио е составено од Кристиано Роналдо, Тиери Анри и Лионел Меси.