Дома Фудбал Убедлива победа на Барселона: Меси го торпедираше Еибар со четири гола (ВИДЕО)

Убедлива победа на Барселона: Меси го торпедираше Еибар со четири гола (ВИДЕО)

Барселона денес запиша убедлива победа против Еибар.

Благодарение на Лионел Меси Барса со 5:0 го победи Еибар, Аргентинецот во денешниот натпревар беше стрелец на дури четири гола.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Меси во првиот дел постигна хет-трик во 14. , 37. и 40. минута. Барса на полувреме замина со 3:0.

Во вториот дел Барселона ја смири играта и не дозволуваше противникот да создава шанси. Во самиот финиш видовме и уште два гола.

Прво Меси во 88. минута постигна гол за 4:0, а само една минута подоцна Артур ги постави конечните 5:0. Треба да се спомене дека во овој натпревар на Барселона дваесетина минути доби новото засилување на Барселона, Мартин Брајтвајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Лука Јовиќ си замина од Милан!

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ од следната сезона повеќе нема да биде дел од италијан…