Дома Фудбал Уапсени членови на бандата која ограбуваше фудбалери на Реал Мадрид

Уапсени членови на бандата која ограбуваше фудбалери на Реал Мадрид

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила шест членови на банда специјализирана за ограбување на куќи на фудбалери во Мадрид и околината.

Во соопштението на полицијата се вели дека групата ги избрала своите жртви откако ги проучувала фотографиите и видеата од домовите објавени на социјалните мрежи од играчи, членови на семејството и пријатели.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Не се соопштуваат имињата на фудбалерите кои биле на мета на разбојниците.

Полицијата соопшти дека бандата е одговорна за осум грабежи во последните две години во богатите станбени области на Мадрид.

Во една од кражбите минатиот мај, групата украла околу 500.000 евра часовници и накит, кои потоа се обидела да ги продаде на црниот пазар, соопшти полицијата.

При приведувањето полициските службеници одзеле десет рачни часовници, неколку парчиња накит, 3.300 евра во кеш и два пиштоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ќе патува со голема делегација за “Златната топка”

Оваа сабота, Барселона го објави списокот со претставници кои ќе присуствуваат во понеделн…