Дома Топ вести Тухел призна, Челзи не се откажува од Халанд

Тухел призна, Челзи не се откажува од Халанд

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел призна дека во клубот не се откажуваат од идејата за трансфер на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Челзи летово се обидуваше да го доведе Норвежанецот, но откако не успеа да се договори со Борусија се одлучи за Ромелу Лукаку.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Дискутиравме за Халанд неколку пати во Челзи. Но трансферот беше нереален. Секако дека редовно разговараме за него. Редовно зборуваме за него бидејќи е фантастичен фудбалер и дефинитивно важна фигура во Борусија, која е сериозен конкурент во Лигата на шампионите“, изјави Тухел.

„Халанд да игра заедно со Лукаку? Немам ништо против тоа. Ајде да видиме што ќе се случи во следниот период“, вели Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…