Дома Трансфер зона Тухел призна: Рабио може да си оди во јануари!

Тухел призна: Рабио може да си оди во јануари!

Иднината на Адриен Рабио е „жешка“ тема веќе подолго време, па плејмејкерот најверојатно ќе го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Рабио со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а откако неколкуте обиди за продолжување на соработката завршија неуспешно, јасно е дека тој ја игра последната сезона во Париз.

За него се заинтересирани неколку европски гиганти кои сакаат да го донесат како слободен агент на лето, но ПСЖ ја отвори опцијата за негова продажба во јануари.

„Не можам да гарантирам дека Адриен ќе остане со нас до крајот на сезоната. Проблемот го знаете, се уште не го продолжил договорот, па се е можно кога ќе се отвори трансфер пазарот“, изјави тренерот, Томас Тухел.

Фактот дека ПСЖ е во потрага по нов играч за врска, јасно кажува дека во Париз веќе се спремаат за заминување на Рабио во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…