На отворањето на 12. коло во Бундеслигата, БАЕРН победи со 1:0 во Келн со голот на Хари Кејн.
Интересно е што тренерот на баварскиот клуб Томас Тухел не искористи ниту една од петте дозволени замени на овој натпревар.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ова е прв пат тренер на Баерн да не направи ниту една промена на натпревар од Бундеслигата по Луис ван Гал во декември 2010 година.
Така Томас Милер, еден од сенаторите на Баерн, остана на клупата цел натпревар.
Вака тоа го објасни Тухел. “Не сакав да го нарушам ритамот. Ова обично не се случува, па им се извинив на момците на клупата. Милер? Постојано размислував како да го внесам”, изјави тој по натпреварот.