Дома Фудбал Англија Тухел за киксот на Жоржињо: Му пречеше осветлувањето

Тухел за киксот на Жоржињо: Му пречеше осветлувањето

Челзи иако доминираше против Манчестер Јунајтед, сепак не успеа да победи и одигра 1:1.

Во главна улога во натпреварот беше Жоржињо. Играчот од средниот ред направи катастрофална грешка по која Манчестер Јунајтед преку Џејдон Санчо дојде во водство, а потоа го изедначи резултатот со гол од пенал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По натпреварот Томас Тухел застана во одбрана на Жоржињо и објасни зошто според него Жоржињо погрешил.

„Примивме гол по една грешка. Жоржињо лошо ја процени ситуацијата. Мислам дека му пречеше осветлувањето и не ја гледаше добро топката“, изјави Тухел.

Челзи по ова реми се уште е првопласиран со 30 бода на лидерската позиција со еден повеќе од Сити и два од Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Комедија: Погледнете каков гол прими голманот на Струга (Видео)

Струга одигра нерешено 1-1 против узбекистанскиот Пахтакор на пријателскиот натпревар одиг…