Челзи купи големи засилувања за следната сезона, откако ги договори Хаким Зијех од Ајакс и Тимо Вернер од Лајпциг, а тука не мислат да застанат затоа што веќе бараат нов голман бидејќи не се задоволни од Кепа Аризабалага.
За потписот на Вернер беа платено 55 милиони евра, а неговата одлука да се пресели на „Стемфорд бриџ“ беше изненадување за многумина, посебно зашто Германецот отворено зборуваше дека би сакал да соработува со Јирген Клоп.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На крајот се покажа како важен разговорот со Лампард, односно трикот кој го искористил младиот тренер.
Лампард очигледно не сака да биде само добар тренер, туку и психолог, а трикот на Мурињо е од далечната 2004 година, кога Португалецот го прашал дали сака да го направи врвен фудбалер, по што Англичанецот одговорил потврдно.