Во Ливерпул после Тијаго Алкантара и трет фудбалер е позитивен на Ковид-19.
Денес од репрезентација на Швајцарија соопштија дека позитивен на тестот за коронавирус бил Џердан Шаќири. Oва во Ливерпул е веќе трет случај во последната недела. Како и што налагаат правилата Шаќири како и Мане и Алкантара во наредниот период ќе биде во самоизолација.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Добро за Ливерпул може да биде тоа што сега следи репрезентативната пауза, па до следното коло во кое играат против Евертон веројатно некој или сите тројца би се опоравиле.