Дома Останати Тенис Тренираше во Македонија, помина низ животна драма, а сега живее бајка на Вимблдон!

Тренираше во Македонија, помина низ животна драма, а сега живее бајка на Вимблдон!

Српската тенисерка, Наталија Стевановиќ ја совлада Германката, Тамара Корпач и се пласираше во третото коло на овогодинешниот Вимблдон 2:0 (7:5, 7:5) и така ја продолжи својата бајка.

Родената тенисерка од Ниш продолжува со големиот успех откако на Вимблдон се пласираше преку квалификации во кои не изгуби ниту еден сет. Во текот на воведниот сет, Наталија имаше проблеми поради што при 3:2 резултат побара медицински тајмт-аут, а кога се врати на терен врза два изгубена гема, потребно и беше малку време да ја пронајде својата игра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Успеа да се врати и да заигра на највисоко ниво, погодуваше тешки удари и во голема борба со германската тенисерка успеа да ја искористи дури шестата сет топка.

Веднаш по освоениот гем, Стевановиќ побара нова пауза, па паузата помеѓу двата сета траеше нешто повеќе од десет минути. Добрата игра на српската тенисерка продолжи по враќањето на теренот и така ја продолжи својата бајка.

Стевановиќ во овој момент е 225. тенисерка на АТП листатата, но тој ранкиг сигурно ќе биде многу подобар по завршувањето на турнирот, а во следното коло ќе игра со Петра Квитова.

Стевановиќ е вистинска хероина на Вимблдон не само поради двете победи и тоа што нема ниту еден изгубен сет, туку и поради тешкиот период во животот и минатата година дури размислувала да се откаже од тенисот.

Изминатите неколку години Стевановиќ имала операција на црниот дроб, тешко воспаление на бубрезите, вирусно воспаление (сипаници) и хормонски проблеми. Но, успеа да ги надмине сите проблеми.

„Се ежам кога ќе помислам низ сè што поминав, но од друга страна, тоа ме направи посилна. На 20 години имав операвија на црниот дроб, имав циста и ми беше исечен половина стомак. Ми беа потребни цели две години да застанам на нозе, потоа уште една-две години да се вратам на ВТА ранг-листата, како и да играм без болки и тешки повреди“, изјави Стевановиќ.

Во минатото на почетоците на нејзината кариера таа живеела и тренирала во Скопје. Стевановиќ, тогаш Костиќ, од 2007 до 2012 година, живеела во Скопје и тренирала во тогашниот тениски клуб МТП. Нејзин тренер бил Мишко Марковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…