Дома Трансфер зона Трансферот на Лукаку во Интер е трет најскап во историјата на Серија А

Трансферот на Лукаку во Интер е трет најскап во историјата на Серија А

Ромелу Лукаку денес после долгите преговори помеѓу Интер и Манчестер Јунајтед и официјално стана фудбалер на „нероаѕурите“.

Лукаку е најскапото засилување во историјата на Интер и платен е 65 милиони евра плус 10 преку бонуси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгиецот потпиша договор на пет години и ќе заработува седум милиони евра по сезона.

Во Јунајтед Лукаку на 96 натпревари постигна 42 гола и си заминува само две години откако клубот од „Олд Трафорд“ за него лати 75 милиони фунти на Евертон.

Тој е трето најскапо засилување во Серија А после Кристиано Роналдо (99.2 милиони евра) и Гонзало Игуаин (75.3 милиони).

„Интер беше единствениот клуб во кој сакав да играм затоа што Интер не е за секого. Тука сум да ги вратам „нероаѕурите“ на врвот“.

Во минатата сезона за Манчестер Јунајтед постигна 15 голови на 45 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…