Дома Топ вести Трансфери во живо: Санчез си избрал број во Јунајтед, Дортмунд доведе дефанзивец, Моура заминува…

Трансфери во живо: Санчез си избрал број во Јунајтед, Дортмунд доведе дефанзивец, Моура заминува…

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

-Во моментов најактуелен е трансферот на Алексис Санчез. Последните информации од Островот тврдат дека Сити се откажал и дека Чилеанецот и на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Веста на денот доаѓа од Мадрид: „АС“ пренесува дека Роналдо е лут на претседателот Флорентино Перез и сака да го напушти Реал Мадрид.

Раџа Наинголан е на чекор од трансфер во кинескиот Гуангжу Евергранде за трансфер вреден 50 милиони евра (ОВДЕ).

-Арсенал и Челзи покажуваат силен интерес за 20-годишниот Бразилец и играч на Ватфорд, Ричарлисон.

-Интер е многу активен на трансфер пазарот. „Нероаѕурите“ денес ќе го промовираат Лисандро Лопез, пр крај се преговорите околу трансферот на Рамирез, а се чека и зелено светло од Барселона за Рафиња.

-Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи тргнува по напаѓачот на Вест Хем, Енди Керол кој би требало да биде замена за Мичу Башуаи.

-Наполи го комплетираше трансферот на Симоне Верди од Болоња за 20 милиони евра плус бонуси. Играчот се очекува утре да пристигне на медицински прегледи.

-Лестер е на добар пат да го комплетира трансферот на големиот талент на Бенфика, Умаро Емболо за 18 милиони евра. За играчот силен интерес покажа и Манчестер Јунајтед.

-Покрај Наинголан, кинескиот Гуангжу е заинтересиран и за Един Џеко и нуди 30 милиони евра. Меѓутоа, Босанецот одбива да се пресели во Кина и сака трансфер во Милан, кој покажува интерес за неговите услуги.

Хенрих Михтарјан би можел да биде дел од трансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед.

-Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е спремен да плати 60 милиони евра за Пјер-Емрек Обамејанг и наводно трансферот е пред реализација.

– Како што пренесуваат, англиските медиуми освен Енди Керол на мета на Челзи се Рајмонд Бокје и Кристијан Бентеке. (ОВДЕ)

– Фудбалерот на ПСЖ, Лукас Моура потврди дека го напушта Париз, се очекува наскоро тој да стане нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. (ОВДЕ)

– Како што дознаваат медиумите Тим Кејхил веќе е во Лондон каде што се очекува да потпише договор со тимот на Милвол (ОВДЕ)

– OФИЦИЈАЛНО: Борусија го доведе дефанзивецот на Базел, Мануел Аканџи.

– Француски Сент Етјен е спремен да испрати понуда за фудбалерот на Арсенал, 32 Метју Дебуши.

– Како што дознаваат англиските медиуми, Алексис Санчез го избрал бројот кој ќе го носи во Манчестер Јунајтед, а тоа не неговата „седмица“. Според сите реномирани ангиски медиуми, потврда на трансферот се очекува во секој момент. (ОВДЕ)

– Раководството на Лестер верува дека ќе успее да го задржи својот најдобар фудбалер Ријад Марез до крајот на сезоната и покрај интересот на неколку гиганти од Островот. (ОВДЕ)

– Фудбалерот на Андерлехт, Леандер Дедонкер кој минатото лето беше мета на Мурињо би можел да се пресели во Лондон во редовите на Вест Хем (ОВДЕ)

– Тимот на Башакешир го претстави Арда Туран (ОВДЕ)

– Жозе Мурињо верува дека Давид Де Геа ќе остане во Јунајтед и ќе потпише договор со „ѓаволите“ до 2020 година. (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…