Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Во Манчестер се поставува рекорд, прегледи во Каталонија, нова опција за договор за Нејмар

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Во Манчестер се поставува рекорд, прегледи во Каталонија, нова опција за договор за Нејмар

Преодниот рок полека влегува во самата завршница, а овие денови вниманието повеќе е насочено кон Премиер лигата каде што трансфер периодот завршува на 8-ми август. Бидете во тек со се што се случува!

– Хари Мегваер денес пристигна во Манчестер  каде што ќе го комплетира трансферот вреден 93 милиони евра со што ќе стане најскап дефанзивец во историјата! 

– Интер му се закани на Икарди – може да го остави на трибини во наредните две години!

– Нејмар во Барса на позајмица со право на откуп?

– Евертон покажал интерес за македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски.

– Како што пренесуваат италијанските медиуми, Хатем Бен Арфа е пред трансфер во Сампдорија.

– Официјално: Исмаил Бенасер е нов играч на Милан!

– Димитар Бербатов смета дека послабата физичка форма може да му биде проблем на Дибала во Премиер лигата.

– Денес би можеле да добиеме потврда за размената помеѓу Манчестер Сити и Јувентус. Сити на Јувентус би требало да му плати 30 милиони евра и да го испрати Данило во Торино, а за возврат „граѓаните“ ќе го добијат Кансело.

– Радамел Фалкао потврди дека во новата сезона нема да го носи дресот на Монако: Имам неколку понуди за нов чекор во кариерата и ги разгледувам.

– Жуниор Фирпо денес треба да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор со Барселона до 2024 година.

– Милан ќе се обиде да го продаде Хакан Чалханолгу до крајот на преодниот рок и за него бараат 18 милиони евра.

– Пред неколку дена Јувентус ја одби понудата од Арсенал за Даниеле Ругани, но медиумите на Островот најавуваат дека клубот од Лондон наскоро ќе испрати нова понуда.

– Oфицијално: Моис Кин е нов играч на Евертон!

– Дони Ван Де Бек потврди дека преговара со Реал Мадрид! 

– Еве ја официјалната потврда! Фирпо е нов играч на Барселона!

Изненадување од „Тутомеркато“: Манџукиќ се договорил со Манчестер Јунајтед! 

– Лампард ги изостави Бакајоко и Дринквотер и овие двајца нема да патуваат на припремите во Германија. Ова е уште еден доказ дека Лампард не смета на нив за новата сезона.

– Детали за изненадувачката вест за потенцијалниот трансфер на Манџукиќ во Манчестер Јунајтед: Хрватот се договорил на „Олд Трафорд“ да заработува шест милиони евра по сезона за договор на две години. Јувентус би требало да добие 15 милиони евра како оштета.

– Oлимпик Марсеј наводно покажал интерес за Хамес Родригез. Меѓутоа засега на Марсеј не му се даваат големи шанси да има успех во својата намера.

– „Канал +“ пренесува дека трансферот на Џовани Ло Селсо од Бетис во Тотенхем е блиску до реализација и тој би требало да изнесува 70 милиони евра.

– Интер во финишот од преодниот рок би можел да направи обид да го доведе Анте Ребиќ.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…