Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Боатенг на пат за Париз, Барса не се откажува од Рабио, Реал купува напаѓач

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Боатенг на пат за Париз, Барса не се откажува од Рабио, Реал купува напаѓач

Трансфер пазарот во поголемиот дел од Европа е се уште отворен, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за се што се случува на трансфер пазарот.

– Веста на денот доаѓа од Мадрид. Имено, „Марка“ потврди дека Реал Мадрид тргнува по нов напаѓач и откри кој е мета на „кралевите“ (ОВДЕ).

– Севиља го потврди трансферот на Максим Гоналон кој доаѓа од Рома на едногодишна позајмица.

– ПСЖ е многу блиску до комплетирање на трансферот на Жером Боатег, кој веќе побарал од Баерн да го пушти да се пресели во Париз.

– Барселона го „блиндира“ Серхио Бускетс со нов договор и откупна клаузула од 500 милиони евра (ОВДЕ).

– Иднината на Адриен Рабио се уште е главна тема. Француските медиуми тврдат дека Барселона не се откажува од плејмејкерот, но ПСЖ за возврат го бара потписот на Ракитиќ.

– Клаудио Маркизио пред неколку дена го раскина договорот со Јувентус, а медиумите откриваат дека кариерата ќе ја продолжи во Монако (ОВДЕ).

– Летниот трансфер период во Англија штотуку заврши, но Гвардиола спрема „бомба“ за зимскиот преоден рок (ОВДЕ)

– Се е подготвено за новиот договор на Давид де Геа. Шпанскиот голман наскоро ќе стави потпис на договор тежок 200.000 фунти неделно.

– Младиот голгетер на Милан, Патрик Кутроне наскоро ќе стави потпис на нов договор со „росонерите“ до 2023 година.

– Адриен Рабио сигурно нема да потпише нов договор со ПСЖ, па следното лето би можел да го напушти клубот како слободен агент. „Газета дело Спорт“ тврди дека Милан и Јувентус веќе работат да го донесат Французинот без обештетување.

– Лајпциг понуди 22 милиони евра за крилниот напаѓач на Евртон, Адемола Лукман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…