Манчестер Сити не беше многу активен во летниот трансфер период, но менаџерот Пеп Гвардиола подготвува „бомба“ за јануари.
„Сан“ пишува дека стратегот на актуелниот англиски шампион подготвил 60 милиони фунти за Рубен Невес, играчот на Вулверхемптон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Португалскиот плејмејкер го споредуваат со Андреа Пирло и Гвардиола сака да го донесе во Сити, откако не успеа да го ангажира Жоржињо, кој од Наполи премина во Челзи.
Невес е на мета на многу европски гиганти, но „Сан“ тврди дека е постигнат начелен договор и наскоро Португалецот ќе потпише преддоговор со „граѓаните“.