Фудбалерот на Челзи, Цеск Фабрегас би можел повторно да го облече дресот на Арсенал и тоа оваа зима, ексклузивно пренесуваат англиските медиуми.
Фабрегас не е во плановите на Конте и нема да игра сериозна улога во тимот, па би можел да го напушти „Стенфорд Бриџ“ уште во јануарскиот преоден рок.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Венгер верува дека Фабрегас би бил одлично засилување за Арсенал, најпрво бидејќи одлично ја познава средината, а исто така би можел да ја превземе улогата на организарот на играта.
Фабрегас својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во Арсенал каде пристигна на 16 годишна возраст, а потоа во 2011 година се врати во Барселона.
Венгер и фановите се спремни повторно да го пречекаат со раширени раце, а за Фабрегас Арсенал ќе биде првиот избор доколку се реши да го напушти Челзи.