Џејдон Санчо важи за еден од најголемите англиски и европски таленти и се почести се шпекулациите за негово враќање во Премиер лигата.
Талентот кој потекнува од академијата на Манчестер Сити, буквално „експлодира“ во дресот на Борусија Дортмунд и неговата цена вртоглаво порасна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатото лето Манчестер Јунајтед за неговиот потпис понуди 100 милиони евра, а сега „црвените ѓаволи“ добија сериозна конкуренција.
Англиските медиуми тврдат дека Санчо веќе донел одлука да се врати во Англија на лето, а „милионерите“ веќе се помириле со тоа, но за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони фунти.
„Билд“ пренесува дека Јирген Клоп е голем симпатизер на игрите на Санчо и сака да го „украде“ талентот пред носот на големиот ривал Манчестер Јунајтед.
Наводно и самиот Санчо во моментов преферира преселба на „Енфилд“ бидејќи повеќе му одговара стилот на игра на Ливерпул, но и сака да игра во конкурентен тим кој ќе се бори за трофеи.
Наводно „црвените“ се спремни да понудат 140 милиони евра и да го донесат Санчо во своите редови.