Дома Фудбал Останато Трагедија: Убиен фудбалер кој играше за својата репрезентација на Олимписките игри

Трагедија: Убиен фудбалер кој играше за својата репрезентација на Олимписките игри

Taжна вест денес пристигнува од светскиот фудбал. Како што јавија сите релевантни странски медиуми, јужноафриканскиот фудбалер Лук Флорес (24) утрово починал откако бил застрелан при обид за грабеж во Јоханесбург.

Веста за страшната трагедија први ја објавија јужноафриканските медиуми, а ја потврди и шпанска „Марка“. Како што се наведува во нивниот текст, несреќниот млад фудбалер бил убиен при обид да му се украде автомобилот. Останатите околности кои довеле до трагичниот настан се уште се утврдуваат.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Лук Флорес важеше за талентиран фудбалер, кој во текот на својата кариера играше за Јужна Африка на Олимписките игри во Токио. Во времето кога беше убиен, тој играше за Кајзер Чифс. Претходно го носеше дресот на Убунту Кејп Таун и Суперспорт Јунајтед во неговата родна земја.

Неименуван извор за „Марка“ ја потврдил смртта на младиот фудбалер.

„Да, точно е дека Флорс почина“, ја цитира Марка неговата изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадувачка одлука: Баерн Минхен се договори со Компани

Баерн Минхен веќе подолго време е во потрага по нов тренер, откако стана јасно дека Томас …