Дома Трансфер зона Тотенхем и Мурињо влегуваат во игра за потписот на Рамос?

Тотенхем и Мурињо влегуваат во игра за потписот на Рамос?

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос од лето би можел да стане слободен играч.

Бидејќи Рамос се уште не се договорил за продолжување на соработката со Реал Мадрид не е исклучена можноста дефанзивецот на крајот од сезоната да си замине. Рамос сака тригодишен договор, но Реал не е спремен да му го обезбеди поради неговите години.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Многу екипи ќе се обидат да го доведат Рамос и тоа не е чудно, а сега се појави информација дека Мурињо ќе се обиде да го доведе во Тотенхем.

Според информациите Мурињо е одлучен во намерата и ќе го убеди раководството на Тотенхем да тргне по потписот на искусниот стопер. Претходно Рамос се поврзуваше со трансфер во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…