Ова е навистина интересен и редок случај.
Модерниот начин на купување, позајмици и останатите начини кои ни ги носи преодниот рок придонесоа за интересен случај поврзан за Аргентинецот Бруно Закулини.
Овој фудбалер наскоро ќе биде во сопственост на три клуба: Манчестер Сити, Верона и Ривер Плата.
Еве и како.
На почетокот тој припаѓаше на Манчестер Сити, но „граѓаните“ потоа продадоа 60% од правата на Хелас Верона, италијанскиот прволигаш.
Потоа се појави вест дека Ривер Плата практично го завршила трансферот и откупила 50% од неговите права. Што значи дека на Верона и останале 30% од правата, а на Сити 20%.
Како што пишува „Л’Екип“, неговата плата изнесува 2.6 милиони евра и оваа сума ќе ја поделат Сити и Верона.
Иначе, Закулини има 24 години, висок е 182 сантиметри и игра на позицијата фудбалер за врска. Израсна во Расинг, а тогаш во 2014 премина во редовите на „граѓаните“.
Потоа беше на позајмица во Валенсија, Кордоба, Миделсброу, АЕК, Рајо Ваљекано и Верона.