Бразилскиот напаѓач Малком синоќа го запиша првиот настап во дресот на Барселона и тоа против својот несуден клуб – Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веројатно знаете за сапуницата која се одигра минатата недела, кога Малком требаше да пристигне во Рим на потпис на договор кој Бордо веќе го потврди, а тогаш во последниот час се јави Барселона. Трансферот во Рома пропадна, а Бразилецот заврши на Камп Ноу.
Малком синоќа во 49 минута погоди за водство на Барса од 2:1, но до крајот на натпреварот Рома постигна три гола и славеше со 4:2.