Дома Фудбал Останато Тинејџерот на Манчестер Јунајтед вчера испиша историја

Тинејџерот на Манчестер Јунајтед вчера испиша историја

Meјсон Гринвуд на две недели пред да наполни 18 години се запиша во аналите на еден од најголемите клубови во светот.

Во 73-тата минута од натпреварот од првото коло во Лигата на Европа, младиот крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед постигна голот за победа против Астана (1:0).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Така тој стана првиот играч роден во овој милениум кој постигнал гол за сениорсиот тим на Манчестер Јунајтед.

Гринвуд минатата сезона играше одлично за тимот до 18 години на Јунајтед во Премиер лигата и Лигатан а шампионите, а Солскјер во пролетниот дел од сезоната го приклучи на првиот тим и започна да го користи како десно крило.

Во првите пет кола оваа сезона собра 47 минути како резерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …