Дома Тикет на денот Тикет на денот (среда, 18.09.2024)

Тикет на денот (среда, 18.09.2024)

Пред нас е вториот ден од лига фазата на ЛШ, а покрај тоа на програмата имаме и некои натпревари од куповите ширум Европа. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Селтик – Слован Братислава – 1&2+ @ 1.55 во Mozzart

Селтик ја задржа основата на тимот од претходната сезона и сега напредокот во Европа е обврска за овој тим. Во националното првенство, кон крајот на претходната сезона успеаја да ја преземат првата позиција од лутиот ривал Ренџерс и дојдоа блиску до израмнување по бројот на титули. Играат одличен фудбал и вистинско задоволство е да се гледаат, а ќе имаат привилегија во првото коло од отворањето на Лигата на шампионите да играат пред своите навивачи. Слован за првпат успеа да се пласира во Лигата на шампионите и сега на почетокот ќе има тешка задача. Квалификациите ги започнаа од првото коло, а националното првенство на Словачка започна уште кон крајот на јули, па досега одиграа значително поголем број натпревари за разлика од Селтик. Овде ние предност даваме на домаќините и типуваме 1&2+ со ковта 1.55 во Mozzart.

Спарта Прага – Салзбург – 1Х&ГГ @ 2.10 во 22Bet


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Спарта Прага се враќа во Лигата на шампионите, а последен пат се натпреваруваа во далечната 2005 година. Во домашното првенство, после 7 кола имаат 6 победи и 1 реми, а го делат првото место со Славија. Последниот натпревар го одиграа на 31 август, а тоа во превод значи дека имаат доволно време за да се спремат за овој натпревар. Салзбург остана без титулата во Австрија и преку квалификации, победувајќи го Динамо Киев, се пласираа во Лигата на шампионите. Овде ние очекуваме домаќините да останат непоразени на ефикасен натпревар. Наш предлог е 1Х&ГГ со квота 2.10 во 22Bet.

Ајакс – Фортуна Ситард – 1&3+ @ 1.85 во Bet365

Катастрофалните резултати на Ајакс во претходната сезона си го направија своето и сега овој тим не е дел од најелитното фудбалско натпреварување, туку преку квалификациите обезбедија пласман во Лига Европа. Во домашното првенство изиграа два натпревари и една победија против Херенвен, а потоа беа поразени на гостувањето кај Бреда. Фортуна пак има изиграно 4 дуели, а запиша две победи и два порази. Без многу двоумење овде очекуваме Ајакс да победи и типуваме 1&3+ со квота 1.85 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.02

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (четврток, 19.09.2024)

Првото коло од ЛШ се игра во три дена, па ова е практично и третиот ден. Понудата е фантас…