Дома Тикет на денот Тикет на денот (вторник, 06.02.2024)

Тикет на денот (вторник, 06.02.2024)

tiket na denot

Денешната понуда е под просекот. Сепак тоа не значи дека ќе ве оставиме без тикет на денот. Ова е нашиот предлог за денес.

Саутемптон – Вотфрод – 1&2+ @ 1.72 во Mozzart

Првиот натпревар во Вотфорд заврши со резултат 1-1, па сега во Саутемптон ќе се преигрува за да го добиеме тимот кој ќе игра во 1/8 финалето од ФА Купот. Двата тима се дел од Чемпионшип, но се со различен успех. Саутемптон е во налет и после саботната победа над Ротерам и поразот на Ипсивч по прв пат се на местото кое води директно до елитата. За тоа време Вотфорд успеа да стигне само на 11-то место на табелата и за нив пласманот во плеј оф е премија. Ние овде предност даваме на домаќините и типуваме 1&2+ со квота 1.72 во Mozzart.

Сошо – Рен – 2&2+ @ 1.90 во 22Bet


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во 1/8 финалето од францускиот куп се сретнуваат екипите на Сошо и Рен. Домаќините се во третата лига, додека Рен е еден од подобрите во француската елита и се чести учесници во европските купови. На Сошо главната цел е да се врати во втората лига за почеток, моментално се на 4-то место во Националната лига. Од лидерот Ред Стар имаат дури 11 бода помалку, а второпласираниот Ниор им бега само 5 бода. И второто место носи пласман во повисок ранг, па тоа ќе биде мета до крајот на сезона. Рен секоја сезона е во горниот дел на табелата во француската елита, а во моментов ја имаат 9-та позиција, па веруваме дека ќе дадат се од себе за да стигнат до Европа. Ние овде типуваме 2&2+ со квота 1.90 во 22Bet.

НЕЦ – Ден Хаг – 1&2+ @ 1.85 во Bet365

Еве и еден дуел од холандскиот куп. Во Нијмеген, домаќините НЕЦ го дочекуваат второлигашот Ден Хег во рамките на ¼ финалето. Нец игра одлична сезона во Ередивизијата и после 20 изиграни кола се наоѓаат на 7-то место и ќе се борат за излез во Европа наредното лето. Пораз немаат од почетокот на декември, а во последните 16 натпревари тој неуспех против Ајакс им е единствен. Исто така и Ден Хаг игра добро, но во понизок ранг. Тие се второпласиран тим, но добро е што и таа позиција носи пласман во елитата. Наш предлог е 1&2+ со квота 1.85 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.05

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (недела, 19.05.2024)

Денес крај ќе стават Англичаните и Французите, а ќе се играат последните кола и од останат…