Дома Фудбал Останато Тиаго Силва не знае да молчи: Нејмар пред нов ГОЛЕМ трансфер?

Тиаго Силва не знае да молчи: Нејмар пред нов ГОЛЕМ трансфер?

Се поголеми се шпекулациите за можното заминување на Нејмар од ПСЖ и некои играчи на овој клуб се свесни дека тоа е можно.

Бразилскиот стопер, Тиаго Силва, и соиграч на Нејмар од репрезентацијата и клубот, не можеше да го скрие тоа што Нејмар уште на лето би можел да го напушти „Паркот на Принцовите“. Според неговите зборови, заминувањето на Нејмар не е шуплива приказна и постојат основи за тоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не знам дали ќе си оди во Реал Мадрид и не можам да зборувам во негово име, но постојат приказни во медиумите кои навистина се точни. Не можам многу да кажам, но би сакал да остане во ПСЖ, бидејќи имаме високи цели. Тој има позитивно влијание на нас, бидејќи ПСЖ благодарение на него сега повеќе и повеќе победува и се е поопасен во сите натпреварувања“, изјави Силва.

Доста се пишуваше за незадоволството на Нејмар поради животот во Париз и дека веќе го договорил трансферот во Реал Мадрид следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо предизвика бурни реакции: Се враќам во Лондон!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сег…