Дома Фудбал Англија Тен Хаг има јасна цел: Сакам Јунајтед да биде најдобриот клуб во светот

Тен Хаг има јасна цел: Сакам Јунајтед да биде најдобриот клуб во светот

Ерик Тен Хаг под негово водство гледа како напредуваат неколку фудбалери од првиот тим, а посебно се истакнува Маркус Рашфорд кој игра во одлична форма.

Рашфорд по враќањето од Мундијалот игра со голема самодоверба и прави разлика на секој натпревар кој игра. Договорот на Рашфорд истекува во 2024 година и во Јунајтед не сакаат да се доведат во ситуација да чекаат до последен момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот стратег има јасна цел и затоа извршил притисок на раководството Рашфорд да добие нов договор. Исто така тој смета дека Манчестер Јунајтред е најдоброто место за него.

„Манчестер Јунајтед е негов клуб и мислам дека и тој го сфаќа тоа. Сметам дека го игра најдобриот фудбал поради опкружувањето кое го има во Јунајтед.

Исто така убеден сум дека ова е најдоброто место за него, нема да најде подобро. Го велам ова затоа што сакаме да стане најдобар тим, прво во Англија, потоа во Европа, па на крајот и во светот“, порача Тен хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…