Дома Фудбал Тежок удар за Манчестер Сити. Познато колку долго ќе биде без Едерсон

Тежок удар за Манчестер Сити. Познато колку долго ќе биде без Едерсон

Едерсон, голманот на европскиот и англиски шампион Манчестер Сити, ќе отсуствува околу четири недели поради повреда на мускулот со која се здоби на неделното дерби против Ливерпул (1:1), пренесуваат англиските медиуми.

Едерсон се повреди додека го фаулираше напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, по што беше досуден пенал за „Црвените“. Иако Бразилецот го продолжи натпреварот, набрзо мораше да биде заменет со Ортега.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бразилскиот голман ќе го пропушти четвртфиналето од ФА Купот против Њукасл Јунајтед во сабота, по што ќе следи репрезентативна пауза. Според првичните информации, тој нема да биде подготвен ниту за дербито против Арсенал на 31 март.

Манчестер Сити моментално е на третото место во Премиер лигата со 63 бодови, со еден бод помалку од водечкиот двоец Арсенал и Ливерпул.

Едерсон бранеше на 36 натпревари за Сити оваа сезона. Прими 31 гол и остана со чиста мрежа на 12 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Барселона ѝ беа потребни четири години да го исплати тренерот кој доживеа историски дебакл

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, откри дека чекал дури четири години за катал…