Новиот тренер на Росарио Централ, Карлос Тевез призна дека ќе ја разгледува можноста да го донесе Анхел Ди Марија.
Ди Марија е „дете“ на Росарио и во моментов е слободен играч, но сака да остане уште една сезона во Европа за да игра на Мундијалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот има понуда од Јувентус на која се уште не дал конечен одговор, а Тевез ќе се обиде да го убеди да се врати во својот клуб.
„Не можам да разговарам со него во моментов. Едвај можам да разговарам со жена ми покрај сите обврски што ги имам. Би сакал да дојде Ди Марија, кој не би го сакал тоа? Кога ќе се смири ситуацијата, ќе му се јавам и ќе го прашам што сака да прави. Знаеме што претставува тој за овој клуб и колку може да даде со неговото искуство“, изјави Тевез.
Former Premier League winner Carlos Tevez has taken his first role in management!
— Match of the Day (@BBCMOTD) June 22, 2022
The Argentine has discussed switching to the touchline and his management role models 👨🏻🏫
Watch now 👇#BBCFootball pic.twitter.com/xUxsbfUSKP