Дома Фудбал Останато Таткото на Сала: Сега згасна надежта дека Сала е жив!

Таткото на Сала: Сега згасна надежта дека Сала е жив!

Вчеравечер беше пронајден авионот со кој исчезна аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала кој леташе од Нант кон Кардиф.

Експертот и ловец на бродови Дејвид Мернс,го пронајде авионот вчера наутро и како што откри ги известил службите, но јавноста беше известена дури 15 часа подоцна. Авионот бил пронајден на дното на англискиот канал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таткото на фудбалерот, Хорасио Сала за аргентинските медиуми откри дека веста ја слушнал на телевизија.

„Како и сите слушнав на телевизија, ова е еден сон, многу лош сон. Очаен сум. Последен контакт со експедицијата имав во саботата. Поради тоа што немаа Ватсап не можев да сум во контакт постојано. Кога чув дека авионот е пронајден, најмалата надеж кај нас дека Сала е жив ни згасна“, изјави Хорасио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн пронашол нова опција за наследник на Тухел, но биле шокирани: Треба да платат 100 милиони евра?!

На Баерн Минхен тешко му оди во пронаоѓањето на нов тренер кој би требало да го наследи То…