Филип Талески со шест гола беше предводник на Вардар во вчерашната победа против Нексе во СЕХА лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Талески смета дека конечно одиграл онака како што треба.
„Среќни сме што победивме. Одигравме малку потешко иако добро се познаваме со овој тим на Нексе. Отворивме добро и имавме контрола на резултатот, меѓутоа во последните 15 минути влеговме во егал играјќи гол за гол. Такви падови не смееме да си дозволуваме, треба да научиме нешто од ова. Задоволен сум од мојата игра, конечно го дадов она што треба да го давам постојна. За самодоверба ова добро ќе ми дојде“, изјави Талески.
Вардар го победи Нексе со 27:26 и ова е втора победа за црвено-црните после првата против Војводина.
Фото: Денис Дуковски