Македонската кошарка денеска остана без уште едно свое големо име. Нè напушти Бранко Кацарски, член на една од најдобрите генерации на кошаркари од КК Работнички од Скопје.
Популарниот „Кацар“ ќе остане запаметен како дел од славниот тим на популарните „железничари“ од „Градски парк“ во кој беа уште други големи имиња како Благоја Георгиевски-Буштур, Драган Радосављевиќ, Драган Васиљевиќ, Бобан Самарџиски, Борче Серафимовски, Драган Стојковиќ, Мирко Радуловиќ, Трајко Кираџиевски…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем борец, за кого немаше загубена топка на теренот во неговиот „Градски парк“ каде и ја помина својата играчка кариера.
Подоцна, беше дел од Македонската кошаркарска федерација, во периодот кога за прв пат беше обезбеден пласман на едно големо натпреварување како што е Европското првенство во Франција 1999 година, како директор на сениорскиот национален тим.
Неговите синови, Бојан и Горан го продолжија неговиот кошаркарски пат…
Вечна ти слава Кацар!