Вчера шпанските медиуми објавија голем скандал во кој Барселона беше обвинета за коруспција.
Судот во Шпанија објави дека поранешните функционери Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, но и поранешнит извршни директор Алберт Солер и Оскар Грау се обвинети за корупција и лажна документација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона би можела да добие дополнителна и сериозна казна ако се вмеша УЕФГА. Имено, ако УЕФА се одлучи посериозно да ја разгледа ситуацијата и утврди дека е нарушен угледот на европскиот клупски фудбал може да следи суспензија.
Тоа би значело дека Барселона да може да игра во било кое европско натпреварување (Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига) од две до пет години.
Се истакнува дека европската куќа на фудбалот би се водела според член 4 според кој клубовите кои се поврзани со корупција или нешто слично се санкционираат.