Дома Фудбал Останато Стоук доведе „гениј“ – Овој фудбалер знае пет јазици, може да вози авион и свири пијано!

Стоук доведе „гениј“ – Овој фудбалер знае пет јазици, може да вози авион и свири пијано!

bauer

Новото засилување на Стоук навистина нема потреба да се грижи за својата иднина доколку ја заврши фудбалската кариера тој може да биде туристички водич, преведувач, пилот, пијанист…

Мортиз Бауер кој во текот на вчерашниот ден од Рубин Казан премина во Стоук Сити за сума од три милиони евра го воодушеви фудбалскиот свет, но не со своите фудбалски вештини туку со своето импресивно „CV”.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Родениот Швајцарец оваа сезона ќе настапува во Англија, а покрај фудбалскиот живот, тренинзите и обврските кон спонзорите успеа да стигне да научи пет јазици (француски, германски, англиски, шпански и руски).

Но тоа не е се, тој успеа да положи и за пилот и може да вози авион, а и заврши музичко школо и знае да свири на пијано.

Го носеше дресот на младинските селекции на Швајцарија, но минатата година се одлучи да настапува за сениорската репрезентација на Австрија за која собра четири настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…