Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, откиваат медиумите на Островот.
Откако стана јасно дека Упамекано ќе се пресели во Баерн Минхен, „црвените ѓаволи“ се насочија кон стоперот на Севиља, Жул Кунде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунер Солскјер останал воодушевен од квалитетите на 22-годишниот дефанзивец и ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“ на лето.
Кунде има договор со Севиља до 2024 година со откупна клаузула од 82 милиони евра, па на Јунајтед нема да му биде лесно да го доведе, бидејќи и конкуренцијата е голема.
Дефанзивецот игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Реал Мадрид, кој во него гледа наследник на Серхио Рамос.
Поради тоа Манчестер Јунајтед веќе стапил во контакт со агентот на Кунде, бидејќи сака да ја победи конкуренцијата.