Фудбалерите на Жирона го победија и Рајо Ваљекано во Мадрид со 2:1 во рамките од 13. коло од шпанската Ла Лига.
Жирона со овој триумф го зацврсти првото место во Ла Лига со 34 бода, пет повеќе од Реал Мадрид и Барселона кои имаат натпревар помалку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рајо на нашиот Столе Димитриевски одлично го отвори натпреварот и поведе по пет минути игра. Палазон со многу среќа го проигра Алваро Гарсија во шеснаесетникот кој се најде во идеална позиција и погоди за 1:0.
Лидерот на табелата потоа го нападна голот на Жирона и видовме неколку одлични одбрани на Димитриевски, а изедначувањето стигна пред крајот на првиот дел. Циганков проби по десната страна го проигра Довбик кој стрела за 1:1.
Вториот дел донесе отворена игра, двете екипи се обидуваа да дојдат до втор гол. Конечниот резултат го постави асистентот при првиот гол, Циганков во 65. минута.
Рајо Ваљекано по поразот останува деветти со 18 бодови.