Дома Топ вести Столе Димитриевски проговори за трансферот во Барселона

Столе Димитриевски проговори за трансферот во Барселона

Денес се појавија информации дека македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е пред трансфер во Барселона.

Димитриевски сега се огласи за шпанските медиуми и истакна дека е фокусиран само на настапите со Рајо Валекано.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не дозволувам тоа да ми го одвлекува вниманието. Немам никакви информации, не би сакал да знам бидејќи може да влијае врз мене. Јас сум фокусиран само на настапите со Рајо Валекано“.

„Сите сакаме да играме за голем клуб, но јас се фокусирам на мојата работа во Рајо. Среќен сум и задоволен, и секогаш добивам поддршка од сите во клубот. Работиме да се подобриме и да му помогнеме на клубот да биде на највисоко можно ниво“, изјави Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија У21 ќе игра со Ерменија и Црна Гора – селекторот Станиќ го објави списокот на фудбалери

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ го објави списокот со…