Дома Фудбал Останато Стерлинг нападнат, полицијата го бара сторителот

Стерлинг нападнат, полицијата го бара сторителот

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг бил нападнат пред дуелот со Тотенхем.

Сити вчера со 4:1 го победи Тотенхем, а пред натпреварот Стерлинг имаше едно лошо искуство. Кога играчите се собирале пред академијата на Сити, непознат напаѓач пријде до автомобилот на Стерлинг и почнал да го навредува, дури и врз основа на расата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стерлинг излегол за да го праша во што е проблемот, а потоа добил еден удар во ногата. Стерлинг не знае за кого станува збор, но започната е истрага за да се пронајде човекот кој го навредувал Стерлинг. Поранешниот играч на Ливерпул игра одлично под водство на Пеп Гвардиола и е еден од клучните играчи во тимот кој убедливо го држи првото место во Премиер лигата.

Ова не го исплаши Стерлинг кој постигна два гола во победата над Тотенхем (4:1), а Сити ја запиша 16 победа во низа во лигата.

sterling

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Тухел: Баерн ослабен во реваншот против Реал Мадрид

Во среда на програмата во Лигата на шампионите е реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхе…