Дома Фудбал Статуа на Јохан Кројф поставена пред „Камп Ноу“ (видео)

Статуа на Јохан Кројф поставена пред „Камп Ноу“ (видео)

Раководството на Барселона вчера вечер на стадионот „Камп ноу“ претстави статуа во чест на легендата на каталонскиот клуб Јохан Кројф. Бронзената скулптура тежи околу 3.500 килограми. Неговата висина е 3,5 метри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Статуата е работена околу четири месеци од страна на Холандската скулпторка Кори Амерлан. Кројф играше за Барселона од 1973 до 1978 година. Заедно со екипата стана шампион на Шпанија (1973/74) и освојувач на купот (1977/78).

Подоцна, од 1988 до 1996 година беше тренер на Барселона. Под негово водство, клубот четири пати ја освои Примера (1990/91, 1991/92, 1992/93, 1993/94) и стигна до Суперкупот на УЕФА (1992).

Кројф почина во 2016 година на 68-годишна возраст од рак на белите дробови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хјумланд веќе се поздрави со соиграчите и чека сигнал од Милано!

По доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим, во Милано се работи на реконструкција на тимот…