Поразот на Челзи од Манчестер Сити (1:3) во натпреварот од 17. коло во Премиер лигата го зголеми притисокот над Френк Лампард кој го има статистички најлошиот учинок од сите менаџери откако клубот го купи рускиот тајкун Роман Абрамович.
Откако Лампард ги превзема „сините“има просек од 1.67 бодови по натпревар што го прави најлош тренер во последните 17 години. Абрамович го купи Челзи во 2003 година и од просечен англиски клуб направи еден од најдобрите во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До неговото доаѓање Челзи освои само едно англиско првенство, три купа и два Купа на куповите, а од 2003 година наваму успеа да освои пет титули англиски шампион, Лига на шампиони, Лига на Европа, пет ФА Купови и три Лига Купови.
Лампард е 12. менаџер во ерата на Абрамович, а во 55 натпревари Челзи со него оствари учинок од 27 победи, 11 нерешени натпревари и 17 порази. Поразот од Манчестер Сити беше четврти за Челзи во последните шест натпревари и тимот поради тоа падна на осмата позиција.
Според бодовниот учинок пред Лампард се сите други менаџери кој ги донел Абрамович: Аврам Грант (2.31), Жозе Мурињо (2.19), Антонио Конте (2.07), Рафаел Бенитез (1.96)…На претпоследното место е Андре Виљаш Боаш (1.70).