Повторно повреди во Арсенал.
Утревечер Арсенал му гостува на Вест Хем во градското дерби на Лондон, а Венгер за овој натпревар не ќе може да смета на двајца стандардни фудбалери.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Се работи за Шкодран Мустафи и Арон Рамзи, ниту еден од овие двајца нема да биде спремен.
Мустафи мораше да го напушти теренот после само 15 минути во натпреварот против Манчестер Јунајтед, додека Рамзи се повреди во последните минути во натпреварот против Саутемптон.
Од останатите фудбалери, сите освен оние кои се подолго време надвор од теренот ќе бидат во конкуренција за натпреварот против Вест Хем.