Дома Фудбал Останато Станува сериозно: Пристигнала понудата за Де Геа од Париз – му го нудат тоа што го бара!

Станува сериозно: Пристигнала понудата за Де Геа од Париз – му го нудат тоа што го бара!

de gea

Не така одамна се пишуваше дека Оле Гунар Солскјер за новата сезона ќе направи големи промени во составот и дека многумина нема да бидат во неговите планови, а еден од оние кои лесно би можеле да заминат од „Олд Трафорд“ е Давид Де Геа.

Не е тоа ништо ново. Со месеци се шпекулира за заминувањето на шпанскиот голман кој практично една година не може да се договори со Манчестер Јунајтед за нов договор. Проблемите настанаа околу платата. Поради фактот што Алексис Санчез заработува пола милион евра неделно без бонуси. Јунајтед на Де Геа најмногу му нудеше 300.000 евра, но голманот таа сума ја смета за недоволна во споредба со она што значи на теренот за „црвените ѓаволи“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поради тоа се погласно се пишува за заминувањето на Де Геа. Јунајтед не може да му гарантира на својот голман дека ќе му ја обезбеди таа сума која ниту еден голман не ја добива. Сега повторно е актуелна приказната со Пари Сен Жермен.

Ново-стариот француски шампион е спремен на Де Геа да му ја исполни секоја желба. Буфон е извесно дека нема да ја продолжи во ПСЖ, вчера се шпекулираше дека ќе се врати во Италија каде што го чека директорска позиција во Јувентус.

Островските и француските медиуми денес пишуваат дека Шпанецот добил ветување од ПСЖ за плата од 400.000 евра неделно, сума која ја бараше од Јунајтед, покрај тоа ќе има и дополнителни бонуси.

Манчестер Јунајтед бара 70 милиони евра, а во Париз сметаат дека таа сума е преголема со оглед на тоа дека Де Геа влегува во последната година од договорот.

Притоа Шпанецот во последно време е под притисок поради нешто послабите изданија.

Јунајтед веројатно би требало да биде среќен ако издвои 40 или 50 милиони евра од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…