Дома Фудбал Станковиќ нема да ја напушти Звезда

Станковиќ нема да ја напушти Звезда

Дејан Станковиќ барем засега ќе остане на клупата на Црвена Звезда.

Како што објави српски „Телеграф“ Дејан Станковиќ нема да биде нов тренер на Сампдорија и ќе остане на клупата на актуелниот шампион на Србија барем до крајот на сезоната.

Станковиќ се изјасни пред неколку дена дека би сакал да остане во Звезда, но додаде дека се работи за клуб кој е машинерија и не би требало да се изненадиме ако го напушти клубот во еден момент.

Тој момент сега нема да биде.

Станковиќ има недовршена работа, сега во Звезда можат да се посветат на натпреварот со Брага кој се игра во четврток. Тука е секако и борбата за титулата во српското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа ја затегна одбраната на Фулам: „Не е сè во моите идеи“

По шест кола без победа, Фулам врза два триумфа со 1-0. Арбелоа го промени пристапот, но г…