Дома Трансфер зона „Српскиот Серхио Рамос“ од Партизан на мета на Манчестер Јунајтед!

„Српскиот Серхио Рамос“ од Партизан на мета на Манчестер Јунајтед!

Скаути на Англискиот гигант Манчестер Јунајтед го следат српскиот дефанзивец и член на Партизан кој во Србија го носи прекарот „српскиот Серхи Рамос“, пишува „Manchester evening news“.

Станува збор за 18 годишниот Светозар Марковиќ кој дебитираше за Партизан во Лигата на Европа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Марковиќ е млад репрезентативец на Србија и настапуваше во категориите до 16 и 17 години.

Задолжен за следење на овој фудбалер е Будимир Вујачиќ кој работи како скаут во редовите на англискиот гигант.

Вујачиќ на Јунајтед претходно го препорача и Зоран Тошиќ кој не се прослави во дресот на „ѓаволите“. Но сепак тој има голема доверба бидејќи токму тој е еден од најзаслужните што Немања Видиќ го облече дресот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…