Ѕвездата на Тотенхем и најдобар стрелец во Премиер лигата за минатата сезона, Хјун Мин Сон размислува на лето да ја промени средината.
Јужнокореецот минатата сезона постигна 23 гола во Премиер лигата, а веќе сериозно размислува за следниот чекор во кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сон има договор со Тотенхем до 2025 година, но на крајот на сезоната сака да ја промени средината и да се пресели во клуб со поголеми амбиции.
Англиските медиуми пренесуваат дека Сон на лето би можел да направи шокантен трансфер бидејќи силен интерес за него покажува Ливерпул.
„Црвените“ ја следат ситуацијата, а Клоп нема да жали пари и е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис.