Дома Фудбал Англија Сон никој не можел да го смири, Тотенхем го испраќа на психолог?

Сон никој не можел да го смири, Тотенхем го испраќа на психолог?

Фудбалерот на Тотенхем вчера беше шокиран откако со ненамерен старт придонесе Андре Гомеш да заработи повреда која во прашање ја доведува неговата кариера.

Сон заработи исклучување, но тоа не му беше важно кога виде во каква ситуација е Гомеш. Кореецот теренот го напушти шокиран и во солзи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Деле Али потврди дека Сон неутешно плачел и во соблекувалната, а Покетино изјави дека неговиот фудбалер е буквално емоционално уништен.

Поради таквата ситуација клубот на Сон му понудил помош од психолог.

Останува да се надеваме дека Гомеш ќе успее да се врати на терените после долгата пауза, но и дека Сон ќе успее да се собере и да продолжи да игра натпревари на своето препознатливо ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чекор поблиску до идолот: Мбапе се израмни со Роналдо во историјата на Реал

Еден од најдобрите фудбалери на денешницава неуморно оди по патот кој во Мадрид го чекореш…