Дома Фудбал Англија Солскјер со Јунајтед направи нешто што не му успеа ниту на големиот Фергусон!

Солскјер со Јунајтед направи нешто што не му успеа ниту на големиот Фергусон!

Манчестер Јунајтед синоќа оствари голема победа на „Стенфорд Бриџ“ против Челзи со 2:0 и се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот.

„Црвените ѓаволи“ се во неверојатна серија од доаѓање на норвешкиот стратег Оле Гунер Солскјер, а дека добрите игри не се случајност покажаа и синоќа во големото дерби против Челзи. Јунајтед полесно од очекуваното го доби овој меч со 2:0 и се пласира во четвртфиналето во ФА Купот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клубот од „Олд Трафорд“ до победата дојде со головите на Андер Ерера и Пол Погба и така му зададоа нов удат на тимот на Маурицио Сари чија клупа сериозно се тресе во Челзи. Од друга страна Солскјер е се поблиску да го убеди раководството на крајот на сезоната да му понуди долгорочен договор.

Солскјер дојде како привремен тренер да му помогне на клубот после отказот на Жозе Мурињо, па никој не можеше ни да претпостави дека Јунајтед ќе игра вака добро под негово водство. Норвежанецот за нешто повеќе од два месеци успеа да го направи она што не успеа дури и големиот Алекс Фергусон за скоро 30 години на клупата на „црвените ѓаволи“.

Имено, Манчестер Јунајтед оваа сезона успеа да ги победи Арсенал, Челзи и Тотенхем на гостински терен, нешто што најтрофејниот англиски тим го немаше направено уште во сезоната 1984/85.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед донесе одлука за судбината на Аморим по срамниот пораз од Гримсби

Од претходно беше тема дали Рубен Аморим треба да остане или да си замине од Манчестер Јун…