Дома Фудбал Англија Солскјер посакува ново чудо на „Камп Ноу“: Можеме да дадеме и во 93-та минута!

Солскјер посакува ново чудо на „Камп Ноу“: Можеме да дадеме и во 93-та минута!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер верува дека неговиотр тим може да направи пресврт на „Камп Ноу“ и да ја елиминира Барселона од Лигата на шампиони.

Каталонците славеа на „Олд Трафорд“ со 1:0, па „црвените ѓаволи“ ги задржаа минималните шанси да се обидат да победат на „Камп Ноу“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Вербата е една од најважните работи во фудбалот. Видовме против ПСЖ дека можеме да направиме пресврт и при резултат од 2:0 и тоа против еден од најдобрите тимови во светот. Барселона е еден од најдобрите тимови во последните десет години, тоа значи дека ќе мора многу да се потрудиме ако сакаме да направиме пресврт, но ние веќе покажавме дека тоа можеме да го направиме“, изјави Солскјер.

„Можеме да бидеме во игра за пласман се додека не примиме гол. Ако во 93-та минута добиеме слободен удар или прекин верувам дека можеме до гол и изедначување. Ние сме и повисоки и поснажни од нив. Ни треба само еден гол за да се вратиме во игра, а нема да се лутам и ако го дадеме во последната секунда“, додаде Солскјер.

Како играч успеа во тоа на овој ист стадион во легендарното финале против Баерн пред точно 20 години… дали ќе успее и како тренер?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…